Театар

„Пикник на фронтот“ премиерно во вторник на сцената на Драмски театар

24.11.2023 12:53

Автор на претставата е Фернандо Арабал, режијата е на Андреј Цветановски. Сценограф е Сергеј Светозарев, костимографијата ја направи Раде Василев, додека изборот на музика е на Димитар Андоновски.

Премиерата на претставата „Пикник на фронтот“ ќе се одржи во вторник, на 28-ми ноември во 20 часот во Драмски театар Скопје.

Автор на претставата е Фернандо Арабал, режијата е на Андреј Цветановски. Сценограф е Сергеј Светозарев, костимографијата ја направи Раде Василев, додека изборот на музика е на Димитар Андоновски.

„Војната е чудовиште кое голта сè пред себе, земји, градови, населби, квартови, згради, фамилии, луѓе … И не застанува пред ништо. Од тој момент сите амбиции, желби, соништа стануваат далечни и нормалниот живот како и да не постоел, само потребата да се преживее. Оваа претстава е за такви луѓе, на кои им е смачено да живеат по правилата на преживување, туку сакаат да си играат со животот и да се обидат од војната да направат своја игра која ќе им биде терапија. Низ нивната приказна да раскажат колку е војната страшна, секогаш завршуваат во своите трауми од војната и настанот којшто ги одредил како луѓето кои се сега, или лушпи од тоа што биле порано. Низ борбата да се остане човечен и да се сонува ќе ја раскажеме приказната за тие сенки од луѓе кои сè уште се обидуваат да опстојат. Бидејќи деновиве додека се работат последните проби на оваа претстава, во Македонија се подготвува Самитот на ОБСЕ, би сакал да ги поканам сите државници од „цивилизираниот“ свет да ја погледнат претставата, можеби, само можеби, така ќе имаме помалку лушпи од луѓе заради неа, заради војната“, вели режисерот Цветановски.

Во претставата играат Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Филип Трајковиќ, Дамјан Цветановски, Стефан Вујисиќ и Соња Стамболџиоска.

 

Фото: Драмски театар Скопје