Европа
Над 30 уапсени по судирите со полицијата во Даблин, властите со осуда за инцидентите
24.11.2023 13:19
Демонстранти излегоа на улиците и се судрија со полицијата, откако на социјалните мрежи се појави информација дека напаѓач кој со нож повреди три лица во градот е странски државјанин. Властите со осуда за инцидентите и предупредија да не се шират „дезинформации“.

Над 30 лица се уапсени по вчерашните немири во Даблин. Демонстранти излегоа на улиците и се судрија со полицијата, откако на социјалните мрежи се појави информација дека напаѓач кој со нож повреди три лица во градот е странски државјанин. Властите со осуда за инцидентите и предупредија да не се шират „дезинформации“.
Во инцидентот претходно беа повредени две деца на возраст од 5 и 6 години и 50-годишен маж. Нападот нема терористичка заднина, напаѓачот е уапсен.
