Во Скопје протест на судско и јавнообвинителската служба
Скопје денеска е блокирано од протести на синдикатите, а се приклучија вработените од канцеларијата на Народниот правобранител. Поради ниски плати пред Собранието застанаа вработените во судската и обвинителската администрација. Револтот е поради зголемените плати на функционерите за 78 насто...

Обединети синдикалните организации од јавната администрација излегоа на протест. Бараат покачување на платите за достоинствен живот, да добиваат просечна, а не минимална плата, како и ѝ редовна исплата на додатоците. Побараа пратениците да не го гласаат буџетот сè додека не се направат измени и да има пари и за нив. Велат – европски плати за сите.
Вработените во администрацијата на Судскиот совет ја искористија паузата за протест. Бараат исплата на додатоците за плата, што им ги укинале, а им биле загарантирани со колективен договор.
Според новата методологија во општиот колективен договор, во септември ќе има ново зголемување на платите на вработените во јавниот сектор, уверува министерката Тренчевска.
Синдикалците од јавната администрација бараат средби со владини претставници за како што велат, да им ги пренесат направените анализи и пресметки за покачување на платите во овој сектор.
Наташа Гркова Петрушевска
