Арачиновци протестира против модернизирањето на дистрибутивната мрежа
02.06.2014 17:13
Велат во услови кога не им се решени егзистенцијалните прашања не можат да плаќаат за електрична енергија...

Поставувањето на нови дигитални струјомери од страна на евн ги вознемири жителите на арачиново. Tие денеска два часа протестираа против реализацијата на проектот за модернизирање на дистрибутивната мрежа.
Велат во услови кога не им се решени егзистенцијалните прашања не можат да плаќаат за електрична енергија. Жителите на Арачиново најавија дека в петок повторно ќе излезат на протести.
Од ЕВН велат дека проектот чини 850.000 евра и има за цел да ја подобри дистибутивната мрежа.
