Мизрахи: Целосно затаил системот за здравствена заштита
Во Собранието продолжува да работи Анкетната комисија за случајот „Онкологија“. Презентирани наодите за системот за здравствена заштита од 2019-та до 2021-ва година. Нема комуникација меѓу Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за лекови, Владата и Државниот завод за ревизија...

На Анкетната комисија за случувањата на Универзитетската клиника за онкологија, презентација на наодите за системот за здравствена заштита од 2019-та до 2021-ва година. Нема комуникација меѓу Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за лекови, Владата и Државниот завод за ревизија.
Нови терапии не биле проследувани до Министерството, неисправност на апарати не биле пријавувани, не функционирал КАТО-системот, нетранспарентни набавки на лекарства, санитарниот инспекторат не вршел контрола, а Државниот завод за ревизија не ја следел примената на забелешките во здравствените институции.
Според претседателската на комисијата Мизрахи, сево ова влијаело на целосното затајување на системот за здравствена заштита.
Над 80 илјади пациенти боледуваат од рак, а нивниот број се зголемува. Затоа се потребни измени во Законот за здравствена заштита, оцени членот на комисијата од СДСМ, Костиќ.
Од Анкетната комисија побараа индивидуално да се укаже со име и презиме кој е одговорен за случувањата на Клиниката за онкологија.
До 3-ти декември, Анкетанта комисија има рок да утврди политичка одговорност за случувањата на Клиниката за онкологија.
Ирина Гелевска
