Македонија

Зголемен број деца во градинките, потребен е кадар

24.11.2023 15:38

Во недостиг на вработени за грижа на децата во градинките, се зголемува бројот на деца во групите. Така се оптоваруваат и вработените и децата. Иако согласност за вработувања дава Министерството за финансии, министерката Тренчевска одговорноста ја префрла на локалните власти...

Во повеќе градови во Македонија, родителите се судруваат со проблем за сместување на децата во градинките. Поради тоа, како времено решение се дозволува бројот на деца во групите да се зголемува над дозволениот максимум, со цел да се излезе во пресрет на потребите на родителите.

Иако за нови вработувања е потребна согласност од Министерството за финансии, министерката Тренчевска, одговорноста ја префрла на локалните власти.

Со зголемување на опфатот на децата по групи, оптоварени се вработените кои се грижат за децата, капацитетите на групите, секако и децата во групата. Таквото згрижување, кое е времено решение до наоѓање на нови вработени, нов простор, не е во корист ниту на децата, ниту на вработените.

 

Петар Печков