Наама Леви не е меѓу затворениците кои ќе ги ослободи Хамас
19-годишната Наама Леви, девојка со македонски потекло, не е на листата затвореници кои Хамас треба да ги ослободи. Шест недели откако е киднапирана, нејзините блиски се фрлени во очај и агонија. Немаат никакви информации за нејзината состојба, не знаат дали е воопшто жива. Но, апелите на нејзиното семејство и еврејската заедница не запираат...

На листата со имињата на 13-те затвореници кои ќе ги ослободи Хамас, го нема името на 19-годишната Наама Леви, девојка со македонски потекло. Шест недели откако е киднапирана, нејзините блиски се фрлени во очај и агонија. Немаат никакви информации за нејзината состојба, не знаат дали е воопшто жива. Но, апелите на нејзиното семејство и еврејската заедница не запираат. Познатата професорка Шели Леви Друмер, Македонка која живее во Израел, не се откажува од намерата да ја врати Наама дома. Бара поголем ангажман и од македонските власти.
Симболично се наместени празни столчиња со имињата на секој еден од 242 израелски затвореници на Хамас. Семејствата возбудени ги чекаат своите најмили, но стравуваат во каква состојба ќе се вратат. Дали се повредени, што преживеале таму. Покрај нивните најблиски, киднапираните жени и деца ќе бидат пречекани по специјален протокол, во кој има и психолози.
Наама Леви беше киднапирана на 7-ми октомври, претходно била дел од организацијата „Раце на мирот“, чија мисија била да ги поттикне младите од Израел, Палестина и од Америка да станат промотори на мирот.
Викторија Милевска
