Хокеј

Лос Анџелес го елиминираше Чикаго

02.06.2014 17:57

Лос Анџелес ќе игра со Њујорк во финалето на НХЛ конкуренцијата. Во канадско-американската професионална хокејарска лига домашниот мраз не е предност. „Кралевите“ од Лос Анџелес ја добија мајсторката против Чикаго со 5-4 по продолжение и ќе се сретнат со Њујорк за Стенли купот.

Решавачкиот гол го постигна Мартинез во шестата минута од дополнителното време. Претходно, во основниот тек од мечот, Чикаго водеше со 2-0, со 3-2 и со 4-3, но не успеа да ја зачува предноста и со тоа да слави во серијата до четири победи. Двата гола на Шарп и оние на Теивс и на Саад, Лос Анџелес ги анулираше преку Картер, Вилијамс, Тофоли и Габорик.