Хамас одлободи 13 заложници, Израел 39 затвореници
Хамас ослободи 13 Израелци, 10 Тајланѓани и еден филипински државјанин по речиси седум недели интензивни борби во Појасот Газа. За возврат, Тел Авив ослободи 39 Палестинки и малолетници затворени во Израел. Очите на светот вперени во спроведувањето на договорениот прекин на огнот. Почетокот на четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас беше нарушено во текот на денот...

По 49 дена, Хамас ослободи 13 Израелци, 10 Тајланѓани и еден филипински државјанин, со што вкупниот број ослободени заложници се искачи на 24, соопшти катарското МНР. Според условите на договорот за примирје меѓу Израел и Хамас, Тел Авив за возврат ослободи 39 Палестинки и малолетници затворени во Израел. Според заложбите за четиридневното примирје, кое стапи на сила утрово, конвои хуманитарна помош и гориво пристигнуваат до најпогодените области.
„Секој од нас плаќа висока цена за да ги донесе граѓаните, децата, луѓето дома, а цената на овој договор ќе треба да ја платиме потоа. Не навлегувам во детали бидејќи најважно е децата да бидат со своите мајка и татко“.
„Морате да запомните, има 239 киднапирани, треба да ги лекувате сите, да ги вратите сите, а ова го поврзувам со она што го кажав претходно – треба да се сеќавате на болните и да ги лекувате, како приоритет. Шест недели не ги примаат лековите, не знаеме каква им е состојбата“.
Договорот постигнат со посредство на САД и Катар предвидува размена на 50 заложници во замена за 150 палестински затвореници. Израелските власти објавија посебен протокол за грижа на децата-заложници. Почетокот на примирјето беше нарушено во текот на денот. Израелската војска употреби солзавец кон Палестинците кои чекаа затворениците да бидат ослободени откако толпата ги нападна чуварите на редот со предмети.
„Полн сум со восхит за начинот на кој се подготвуваат израелските одбранбени сили. Ќе вложиме максимални напори да ги вратиме сите, правилно да ги примиме сите од првата размена, и пред сè да запомниме дека ќе продолжиме да се бориме и ќе вложиме максимални напори и сите активности за ослободување на сите киднапирани“, изјави Јоав Галант, израелски министер за одбрана.
И покрај предупредувањата од Израел граѓаните да не се движат кон северот во воената зона, стотици луѓе се упатија кон домовите. Хамас тврди дека две лица се убиени, а повеќемина ранети додека патувале кон северот. Израелската одбрана соопшти дека ќе одговорат на секој што претставува закана за трупите. Двете страни потврдија дека војната нема да запре по паузата.
Маријана Димовска
