Предлог измените го уназадуваа Законот за млади
Невладините организации остро реагираат, предлог-измените на Законот за младинско учество и младински политики што ги нуди група млади пратеници ќе го уназадат законот од пред три години со кој сме први во земјите од регионот. Тоа ќе биде чекор неповратно да се загуби учеството на младите во креирањето на иднината. По реакциите се повлекуваат предлог-измените …

По острите реакции на граѓанскиот сектор, пратениците ги повлекоа предлог-измените на законот за младинско ангажирање и младински политики. Понуденото го уназадуваше Законот на кој му треба квалитетно унапредување, остро реагираат од невладината „Сега“. Воопшто не ги следат потребите на младите, ниту пак ги обврзуваат локалните заедници. Така целосно ќе ги загубиме младите во државава.
Прилеп е меѓу општините со формиран Младински совет, но не и Центар. Младите гласно бараат да бидат значаен чинител во општеството. Граѓанскиот сектор ќе достави свои предлози за
Во Македонија има само седум младински центри. Ако сме единствени во регионот со Закон за млади, треба да се донесат квалитетни измени за реална примена.
Елизабета Митреска
