МВР

Приведен крадец во Македонски Брод, украденото ќе биде вратено на сопственикот

25.11.2023 11:26

Тој извршил тешка кражба во куќа во с.Преглово-Македонски Брод од каде одзел повеќе предмети.

Вчера во 22:40 часот полициски службеници од СВР Битола-ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода А.Т.(33) од с. Преглово поради основано сомнение за извршена тешка кражба  казниво по чл.236 од КЗ на РСМ.

Тој извршил тешка кражба во куќа во с.Преглово-Македонски Брод од каде одзел повеќе предмети.

А.Т во целост го признал кривичното дело,а украдените предмети ќе бидат вратени на сопственикот, соопштуваат од МВР.