Регресот за одмор е дополнителен стимул за работниците

02.06.2014 19:09

Добрата вест за вработените во приватниот сектор не останува само право запишано на хартија туку реално остварливо за поголемот број работници- вели првиот синдикалец, Митревски.

Најмалку по 8.400 денари од наредниот месец па се крајот на годината ќе треба да легнат на трансакциската сметка на секој вработен во приватниот сектор.  Ако досега наградувањето на работниците беше слободна волја на работодавците, отсега е законска обврска.

Миле Бошков, претседател на конфедерацијата на работодавци смета дека исплатата на надоместот ќе претставува дополнителен стимул на работниците за извршување на работните обврски.

„Ова е една добра, народски кажано инјекција, за нивните примања, за нивниот стандард. Што се однесува до компаниите, имаме поделени меслења, меѓутоа секогаш кога се прават мерки на долг рок, тоагаш секогаш има добивка од мерките кои долготрајно можат да се одржат на задоволство и на работниците и на капацитетот на компаниите“, смета Миле Бошков, претседател на Здружение на работодавци на Македонија.

Добрата вест за вработените во приватниот сектор не останува само право запишано на хартија туку реално остварливо за поголемот број работници- вели првиот синдикалец, Митревски.

„Ваквото право не е некој огромен износ кој претставува потешкотија и мислам дека е во интерес на сите, во интерес на создавање на една добра деловна атмосфера и во делот на спроведување на една колективна општествена одговорност на сите чинители во општеството, ова работничко право да го земат сите работници кои работат во приватниот сектор“, смета претседателот на ССМ, Живко Митревски.

Минималните казни за неисплаќање на годишниот регрес за одмор изнесуваат од  1000-4000 евра. Работникот чиј сопственик нема да му исплати К- 15 правдата ќе може да ја бара на суд. Законската обврска за регрес за одмор беше укината во 2005-тата година.

 

Душица Ристова