Во Собранието и денеска интервјуа со кандидатите за членови на ДКСК
Во Собранието и денеска интервјуа со кандидатите за членови на новиот состав на Антикорупциската комисија. Пријавени се 42-ца. Одговараат на прашањата на пратениците и на претставниците од невладиниот сектор…

Капацитетите на судовите и обвинителствата да се зајакнат со стручен кадар за да може системот да функционира, вели Весна Младеновска, од Заводот за ревизија која е една од 42 кандидати кои претендираат да бидат дел од новиот состав на антикорупциската комисија. Според неа државата треба да посвети поголемо внимание на превенција од корупција, а репресивните мерки и казни да се користат како последна алатка.
Мустафа Мехди, кандидат со повеќегодишен стаж во МВР смета дека во антикорупциска треба да се формира тело кое со активности на терен ќе се бори против корупцијата
Кандидатите за членови треба да имаат шест години активност во областите поврзани со откривање на корупцијата. Освен тоа, да не биле членови на Собранието, Владата, ниту пак донатори или функционери во политичка партија.
Анита Димитријевска – Велковска
