Укинати забраните за движење на камиони на патните правци Гостивар- Стража- Кичево и Крива Паланка- ГП Деве Баир
Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, велат од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта. Апелираат до возачите на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива тековно и непречено во зимски услови по влажни коловози. Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта информираат дека во 06:30 часот е укината забраната за тешки товарни возила за патниот правец Гостивар- Стража- Кичево, а во 08:00 часот и забраната за тешки товарни возила за патниот правец Крива Паланка- ГП Деве Баир.
Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, велат од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта. Апелираат до возачите на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и засеци можна е појава на поситни одрони.
