Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови

26.11.2023 10:01

Од изутрината сообраќајот на државните патишта се одвива тековно и непречено во зимски услови по влажни коловози. Забрана за тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово-Маврово, информираат од ЦУК...

Снег и силен ветер синоќа ги блокираа патиштата во земјава. Од изутрината сообраќајот на државните патишта се одвива тековно и непречено во зимски услови по влажни коловози.

Забрана за тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово-Маврово, информираат од ЦУК. На одредени патни правци што поминуваат низ клисури и засеци можна е појава на поситни одрони.

Од изутрината е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир и за патниот правец Гостивар-Стража-Кичево. Се апелира на внимателно возење и приспособување на брзината на условите на патот.

Силниот ветер кој наместа дуваше со брзина од 70 километри на час и корнеше дрва, предизвика материјални штети.

Поради лошите временски услови синоќа без струја остана и жичницата во Скопје во моментот кога имало луѓе во гондолите. Спасени се четири лица, меѓу нив имало и едно дете и еден германски државјанин. Спасените лица со полициска придружба биле спуштени во градот.