Прилеп

Се конзервира монументалниот иконостас во „Свето Благовештение“

26.11.2023 10:18

Еден од трите највредни иконостаси во Македонија и најголем, во прилепската црква „Свето Благовештение“ трета година се конзервира и се зачувува како вредно културно богатство. Стручњаците од прилепскиот и од битолскиот завод и музеј ја привршуваат заштитата за в година, во завршната фаза, да ја зацврстат статиката и да не дозволат да падне ова монументално дело на мијачките мајстори…

Прво се реставрираа северниот и средниот, годинава стручњаците се посветени на заштитата на јужниот дел на монументалниот иконостас во прилепската црква „Свето Благовештение“. Меѓу трите е највредни во земјава, а прв по големина како вредно културно наследство од мијачките мајстори. Последната фаза догодина ќе биде посветена на статиката на вредниот иконостас. Во меѓувреме, се заштитуваат и иконите.

Иконостасот како ремек-дело на познатиот копаничар Петре Филипоски – Гарката е стар колку црквата – 185 години.

Иконостасот во „Свето Благовештение“ е трет по оние во Бигорски и црквата „Свети Спас“ во Скопје, но прв по големината од 16 на 7 метри и е бесценето културно наследство, дело на мијачките мајстори.

Елизабета Митреска