Жестоки борби во Луганск

02.06.2014 19:31

Во близина на Луганск, петстотини тешко вооружени сепаратисти и натаму ја држат под опсада пограничната команда, по судирите во кои загинаа петмина нивни борци...

Во Луганск со часови не прекинуваат истрелите, борбите земаат замав во станбените квартови. Петмина загинати е резултатот од воздушен напад на украински авион врз административна зграда која ја зафати пожар. Властите на самопрогласената Луганска народна република ги предупредија цивилите на неексплодирани бомби. Во близина на Луганск, петстотини тешко вооружени сепаратисти и натаму ја држат под опсада пограничната команда, по судирите во кои загинаа петмина нивни борци.

„Граничарите се борат и се целосно опколени. Ја бранат границата додека ние ја чистиме територијата од терористи и борци на милицијата“, Олександр Турчинов, преоден претседател на Украина.

Според очевидци, сепаратистите стрелаат со снајпери од приватни станови и користат цивили како штит. САД соопштија дека имаат докази дека Русија праќа борци во Украина. Москва го обвини НАТО дека го поттикнува Киев да применува сила.