МВР
Санкционирани 129 возачи во Скопје
26.11.2023 10:29
На територија на град Скопје изречени се вкупно 129 мерки, меѓу кои 13 санкции за возење без возачка дозвола, 12 мерки за возење под дејство на алкохол, 10 санкции за користење мобилен телефон при возење.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 129 мерки, меѓу кои 13 санкции за возење без возачка дозвола, 12 мерки за возење под дејство на алкохол, 10 санкции за користење мобилен телефон при возење.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.
