Франција повторно победник на Јуниорскиот Евросонг
Нашата претставничка Тамара Грујеска со песната „Кажи ми, кажи кој“ го освои 12-тото место. Тамара имаше моќен настап, во кој ги покажа своите извонредни вокални способности.
Втора година по ред Франција е победник на Јуниорскиот Евросонг. По минатогодишната победа на Лисандро, првото место оваа година во Ница ѝ припадна на Зои Клозур со песната „Срце“. Франција освои максимален број гласови од публиката која гласаше преку интернет, но и од националните жирија. Второто место ѝ припадна на Шпанија, додека на третата позиција се најде Ерменија.
Нашата претставничка Тамара Грујеска со песната „Кажи ми, кажи кој“ го освои 12-тото место. Тамара имаше моќен настап, во кој ги покажа своите извонредни вокални способности.
„Сакам да ви се заблагодарам за беспрекорната поддршка која ми ја дадовте изминативе пет месеци. Воедно, сакам да се заблагодарам на Македонската радио-телевизија што ми ја даде оваа можност да ја претставувам Македонија на овогодишниот Јуниорски Евросонг. Задоволството и честа се мои да бидам македонски претставник и гордо да ги претставам боите на нашата Македонија“, напиша Тамара на социјалните мрежи.
Погледнете го настапот на Тамара на Јуниорскиот Евросонг: