Пендаровски ќе се обрати на дискусија за заедничко дејствување против климатските промени во соработка со УНДП
Како што соопштуваат од кабинетот на претседателот, на дискусијата ќе учествуваат претставници на граѓански организации и климатски активисти, коишто ќе ги акцентираат прашањата поврзани со климатските предизвици, ќе ги презентираат сработените активности и ќе претстават идеи и можни решенија со цел заедничко дејствување против климатските промени...

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на дискусијата насловена „Заедничка иницијатива за климатска акција“, што се одржува во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот 28-ми Самит за климатски промени.
Како што соопштуваат од кабинетот на претседателот, на дискусијата ќе учествуваат претставници на граѓански организации и климатски активисти, коишто ќе ги акцентираат прашањата поврзани со климатските предизвици, ќе ги презентираат сработените активности и ќе претстават идеи и можни решенија со цел заедничко дејствување против климатските промени.
