Временска прогноза
Сончево и студено време
27.11.2023 08:11
Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми насекаде, а во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени врнежи од снег...

Времето денеска ќе биде сончево и студено, во западните делови со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми насекаде, а во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб ветер, претпладне од северен, а попладне претежно од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од-1 до 7 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу студено со мала облачност. Максималната температура ќе достигне 3 степени.
