Собрание
Во Собранието закажани продолженија на 11 седници
27.11.2023 08:20
На 129-та седница и интерпелацијата за работата на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, поднесена од албанскиот опозициски блок пред повеќе од два месеца...

Во Собранието продолженија на 11 пленарки, некои почнати и пред неколку месеци. На 129-та седница и интерпелацијата за работата на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, поднесена од албанскиот опозициски блок пред повеќе од два месеца. На дневен ред е и предлогот за изменување и дополнување на одлуката за продолжување на работата на Анкетната комисија за скандалот во Онкологија, по барање на ВМРО-ДПМНЕ.
Во меѓувреме, Анкетната продолжува со разгледување на стенограмите и документацијата од Клиниката. Обвинителството сè уште врши предистрага.
