Барселона

Бујар Османи ќе учествува на Регионалниот форум на Унијата за Медитеранот

27.11.2023 08:48

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Барселона ќе учествува на Регионалниот форум на Унијата за Медитеранот.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Барселона ќе учествува на Регионалниот форум на Унијата за Медитеранот.

Како што информира МНР, Османи е поканет од високиот претставник и потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел и заменик-премиерот и министер за надворешни работи Кралството Јордан, Ајман Сафади.

На осмиот Регионален форум на Унијата за Медитеранот ќе учествуваат министрите за надворешни работи на 43 земји членки на Унијата за Медитеранот.

Во фокусот на дискусиите, како што наведува МНР, ќе биде ситуацијата во Израел – Палестина и последиците за регионот на Блискиот Исток.