Спасовски денеска во работна посета на Брисел
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе допатува во работна посета на Брисел, во чии рамки утре ќе учествува на Меѓународната конференција на глобалниот сојуз за борба против криумчарењето мигранти...

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе допатува во работна посета на Брисел, во чии рамки утре ќе учествува на Меѓународната конференција на глобалниот сојуз за борба против криумчарењето мигранти, организирана од Европската комисија. Конференцијата ќе започне со воведно обраќање на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Покрај панелот „Одговор на криумчарењето мигранти“, на Конференцијата ќе се одржат и панелите „Спречување на криумчарењето мигранти“ и „Алтернативи на нерегуларната миграција како клучна пречка за криумчарењето“. Конференцијата ќе заврши со дискусија посветена на „Одобрување на Повик за акција“ на која ќе се обратат еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон и шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.
На Конференцијата покрај големиот број министри и претставници на министерствата за внатрешни работи на земјите вклучени во Глобалниот сојуз, ќе учествуваат и еврокомесарите за правда Дидие Рејндерс, за соседска политика и проширување Оливир Вархеји и за меѓународни партнерства Јута Урпилаинен.
