Тенис

Ивановски се врати на неговиот најдобар ранг на АТП листата

27.11.2023 09:10

Македонскиот тенисер Калин Ивановски и третпат во својата кариера се наоѓа на 305. место на АТП листата што воедно е и негов најдобар ранг во кариерата.

Македонскиот тенисер Калин Ивановски и третпат во својата кариера се наоѓа на 305. место на АТП листата што воедно е и негов најдобар ранг во кариерата.

Тој ваквиот напредок и скок од 18 места го направи со победите во квалификациите и настапот на главниот турнир на Челинџерот во Јокохама и на денешното рангирање има 10 поени повеќе (од претходното рангирање) или вкупно 174. Лидер е Новак Ѓоковиќ од Србија пред Шпанецот Карлос Алкараз и Русинот Данил Медведев.