САД

Тројца млади Палестинци застрелани во Америка, еден тешко ранет

27.11.2023 09:11

Американската полиција и федералните агенти трагаат по вооружен маж кој во Вермонт застрела и рани тројца студенти, Палестинци...

Американската полиција и федералните агенти трагаат по вооружен маж кој во Вермонт застрела и рани тројца студенти, Палестинци.

Иако нема конкретни докази, истражителите се сомневаат дека е злосторство од омраза. Вооружениот напаѓач пукал во тројцата млади на улица во близина до универзитетот, а потоа побегнал.

Сите се на возраст од 20 години и примаат медицинска нега. Двајца се во стабилна состојба, додека третиот има сериозни повреди, изјавија од полицијата.