Грција бега од одговорноста
Брисел-Сметам дека не е првпат да се има тенденција од страна на нашиот јужен сосед да се префрла топката од едно класично попречување и прекршување на меѓународно-правната рамка што е воспоставена со Времената спогодба на ниво на целата Алијанса. Тоа е бегање од одговорноста, префрлајќи ја топката кај останатите земји-членки изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски во врска информацијата дека вчера се отворила дебата за можен прием на Македонија на Самитот што идната година ќе се одржи во Велика Британија,.

Никола Попоски, Министер за надворешни работи на РМ
- Меѓународниот суд на правдата јасно кажа колку конструктивен и проактивен однос има од страна на учесничките во тој билатерален наметнат спор. Најзначајно е дека никаде во критериумите за зачленување во НАТО не е споменато дека треба да го промените името за да бидете дел од Алијансата. Тоа е релевантен критериум
Денешниот состанок на состанокот на Северно-атлантскиот совет на НАТО со земјите-контрибутори во мисијата ИСАФ во Авганистан на кој учествуваше Попоски беше посветена на периодот по 2014 година. Клучните прашања што се дискутирале биле спроведувањето на следните избори во Авганистан, што ќе биде клучно мерило за успешноста во примена на демократските стандарди