Ракомет

Имињата и фаворитите си осанаа само на хартија

02.06.2014 20:30

И на најголемите им се случи Фленсбург. Не потклекна само Барселона, ама и Кил. Фленсбург е новото 28 име кое клубска Европа го запишува како освојувач на шампионската ракометна лига.

Она што ги тресна од земи најголемите претенденти за престолот, шпанскиот и германскиот првак Барселона и Кил, е што момците на Врањеш, стигнуваа и анулираа 6 негатива. И како после едно такво враќање против гиганти кои по сите параметри се водеа како фаворити да не се слави?!

Слатка нацинална одмазда се случи во Келн пред преполната 20 000 фанови Ленксес арената, за 2007-мата и тогашниот финален дуел Кил-Фленсбург во кој почестите со сефте евро трон ги однесоа ракометарите на Кил. Сега, својата прва евро круна Фленсбург во третиот обид ја реализира токму против нив.

Иако данската и шведсака колонија во германскиот тим го водеше главниот триумфален збор, сепак останува запишано дека, трета година во низ ракометната европска теритиријална власт е германска.

Барселона и Кире Лазаров на крајот со за нив разочарувачкото трето место во 4-тото фајнел-фор издание, по очекуваната победа над Веспрем. Останува Кире и натаму без најпосакуваниот трофеј, во колекцијата во која недостасува клубски само овој, елитниот.

Ако е нешто пак за македонска утеха, е тоа дека ¼ финалните елиминатори на Металург и Вардар се најдоа на последниот шампионски ден и дуел, а вардаровиот, го крена и најпрестижниот ракометен трофеј.