Скијање
Микаела Шифрин ја обезбеди 90-та победа во Светскиот куп
27.11.2023 09:16
Шифрин имаше најдобро време во двете трки и со вкупни 1:42,02 минути ја постигна втората последователна победа сезонава...

Најдобрата скијачка на денешницата, Американката Микаела Шифрин, на домашен терен во Килингтон ја обезбеди 90-тата победа во Светскиот куп, а шеста во овој ски-центар.
Шифрин имаше најдобро време во двете трки и со вкупни 1:42,02 минути ја постигна втората последователна победа сезонава, оставајќи ја зад себе најголемата конкурентка Словачката Петра Влхова, која заостана 33 стотинки. На подиумот им се придружи и Швајцарката Венди Холденер со заостанување од 1,37 секунди.
