амсм

Во прекин сообраќајот Валандово – Демир Капија

27.11.2023 09:48

Сообраќајот е во прекин во двата правци поради превртена приколка од камион...

Од 07:20 часот на Р 1102 Валандово – Демир Капија кај м.в. Јаворица, сообраќајот е во прекин во двата правци поради превртена приколка од камион, информираат од МВР. На ден 28.11.2023 (вторник) ќе се изведува минирање за потребите за изградба на експресниот пат А2 делница Длабочица – Чатал и затоа е предвиден времен прекин на сообраќајот на потег село Ветуница-мост на река Блидеш во период од 12:00-16:00 часот. По минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат по локалните патишта, а сообраќајот за тешките товарни возила ќе биде во прекин се до расчистување на магистралниот пат.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.