Руско-украински конфликт

Киев ја врати пловидбата до украинските пристаништа

27.11.2023 09:57

Од украинската влада велат дека целта на новиот бродски коридор е да се извезуваат најмалку 6 милиони тони жито месечно...

Киев успеа да ја врати пловидбата до украинските пристаништа. По завршувањето на договорот, постигнат со посредство на Обединетите нации и Турција, Русија ги нападна украинските пристаништа на Црно Море, витална врска со глобалната трговија.

Од украинската влада велат дека целта на новиот бродски коридор е да се извезуваат најмалку 6 милиони тони жито месечно.