46 санкционирани возачи на територијата на општина Студеничани во Скопје
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 16.00 до 20.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Студеничани во Скопје, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата санкционирани се 46 возачи, од кои 27 за возење без возачка дозвола, осум санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, три мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), две возила се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта, информираат од МВР.
