МВР

Казнети 589 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

27.11.2023 11:05

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 589 возачи, соопштуваат од МВР.

Од нив 34 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 300 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 289 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.