Во петок „Отворен ден на УКИМ“ на сите факултети
Настанот ќе се одржи со физичко присуство во просториите на секој од факултетите, и тоа во два термина: од 10:00 до 12:00 часот и од 12:00 до 14:00 часот...

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, го организира традиционалниот настан „Отворен ден на УКИМ“. Настанот ќе се одржи со физичко присуство во просториите на секој од факултетите, и тоа во два термина: од 10:00 до 12:00 часот и од 12:00 до 14:00 часот, соопшти УКИМ.
„Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје широко ги отвора вратите за своите идни студенти – средношколците, давајќи им можност непосредно да се информираат за областите за кои се заинтересирани, да прошетаат низ кампусите, низ лабораториите и амфитеатрите и да се запознаат со студиските програми, да се запознаат со активностите на наставниот и соработничкиот кадар, со активностите на студентите, можностите за стипендирање и меѓународна размена, кариерните можности и практикантството, како и со многу други прашања и одговори од рамките на студентскиот живот“, стои во соопштението.
