Кореја

Северна Кореја ќе продолжи да лансира сателити

27.11.2023 12:40

Според Пјонгјанг, лансирањето на извидувачки сателит што беше извршено во вторникот минатата недела е поттикнато од потребата да се следат САД и нивните сојузници...

Северна Кореја денеска предупреди дека ќе продолжи да лансира сателити. Нејзината војска почна со обнова на дел од уништените безбедносни пунктови долж границата со јужниот сосед. Според Пјонгјанг, лансирањето на извидувачки сателит што беше извршено во вторникот минатата недела е поттикнато од потребата да се следат САД и нивните сојузници.

Ваквиот потег на Северна Кореја го натера Сеул да ја прекине клучната клаузула од воениот договор од 2018 година, и да продолжи со воздушниот надзор во близина на границата