здравје

Загадениот воздух ја наполни Пулмологија

27.11.2023 12:46

Клиниката за пулмологија исполнета со пациенти, и со хоспитализирани и со оние кои доаѓаат на амбулантски прегледи. Главна причина е загадениот воздух …

Жителите на Скопје полесно дишат, но аерозагадувањето од изминативе денови веќе направи проблеми. Клиниката за пулмологија и алергологија е полна со пациенти. Граѓаните се жалат на течење нос, тешко дишење, печење на грлото, солзење на очите, поткашлување. Пулмолозите велат – не постои лек за да се исчистат белите дробови од токсините, но, може да се преземат мерки.

Граѓаните велат дека во вечерните часови најмногу се чувствува непријатен мирис кој влегува во домовите.

Загадениот воздух е штетен и отровен за сите, најосетливи се малите деца, старите луѓе, бремените жени и хронично болните.

Во овој период од годината кога мерните станици покажуваат енормно загадување на воздухот, Пулмологија е преполна. Токсичниот воздух кој уште се нарекува и тивок убиец, носи илјадници животи секој ден.

 

Александра Спировска