Се очекува добар род на пченицата

03.06.2014 09:52

Сите очекуваат добар род на пченицата. И кај нас и во Eвропа. Проценките се дека приносот ќе биде за 20 проценти поголем.

По благата зима и поволните климатски услови Европа очекува рекордни приноси на пченицата. Прогнозите се дека родот ќе тежи скоро 140 милиони тони или за 20 проценти повеќе.

И Македонија го чека истиот поголем  процент или скоро 300 илјади тони жито.   

Добрите прогнози за европската жетва предизвикаа поевтинување на  меѓународната берза. Забележано е намалување  за девет отсто од едногодишниот макисмум.

Пред жетвата македонските земјоделците се надеваат дека годинава пченицата нема да биде помалку од 15 денари за килограм. Лани беше 12 што според нивните пресметки ги покриваше само трошоците.

 


Методија Трајков