Руско-украински конфликт

Руската противвоздушна одбрана соборила најмалку 24 дронови над областа околу Москва

27.11.2023 13:11

Руската противвоздушна одбрана соборила најмалку 24 дронови над областа околу Москва, како и неколку други во провинциите на југ и запад, соопштија Министерство за одбрана и градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Само еден ден откако Украина објави дека била цел на најмасовниот напад со дронови од почетокот на војната, Москва тврди дека Киев се обидел да изврши удар врз Москва со десетици беспилотни летала. Руската противвоздушна одбрана соборила најмалку 24 дронови над областа околу Москва, како и неколку други во провинциите на југ и запад, соопштија Министерство за одбрана и градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Во Тула, дрон удрил во станбена зграда, а станбени објекти биле оштетени и во московската област. Аеродромите Внуково и Домодедово беа накратко затворени.