Собрание
Нова седница на Анкетната комисија за случајот „Онкологија“
27.11.2023 13:16
По сослушувањето сведоци и експерти и анализата на кажаното, претседателката Мизрахи побара политичка одговорност од петмина, меѓу кои екс-министерот Филипче, директори на Клиниката, Фондот, Инспекторатот...

Во Собранието, нова седница на Анкетната комисија за случајот „Онкологија“. По сослушувањето сведоци и експерти и анализата на кажаното, претседателката Мизрахи побара политичка одговорност од петмина, меѓу кои екс-министерот Филипче, директори на Клиниката, Фондот, Инспекторатот. СДСМ со жестока реакција, пратениците ја обвинија Мизрахи за политичка злоупотреба на функцијата и побараа нејзина оставка.
Од Собранието известува Андријана Ѓурческа.
