Малта ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ за 2024 година
На Подготвителниот состанок во Виена за Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје. Била постигната согласност Малта да биде следниот претседавач во 2024-та...

На Подготвителниот состанок во Виена за Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје. Била постигната согласност Малта да биде следниот претседавач во 2024-та.
„Денес на Подготвителниот состанок и Постојаниот совет на амбасадорите на 57 земји учеснички на ОБСЕ постигнаа консензус и се донесе одлука што го отвора патот за идниот претседавач на ОБСЕ во 2024. Одлуката ќе биде потврдена на 30-от министерски совет на ОБСЕ во Скопје.“, напиша министерот за надворешни и актуелен претседавач со ОБСЕ Османи на својот фејсбук-профил.
Консензусот за Малта е постигнат по блокирањето на кандидатурата на Естонија од страна на Русија и Белорусија. За 50-годишнината од постоењето на ОБСЕ веќе е познато дека во 2025-та година претседавач ќе биде Финска, каде е основата оваа организација.
Учеството на Министерскиот состанок во Скопје го потврди и шефот на руската дипломатија Лавров, којшто за руската агенција „Тасс“ рече дека е извесно неговото пристигање откако Македонија го отворила воздушниот простор за прелет, а Бугарија и ветила на земјава дека ќе го направи истото.
