Скопје

Исчезна 14-годишно девојче од Скопје, случајот е пријавен во полиција

27.11.2023 14:27

Во МВР е пријавено дека 14-годишнo девојче од Скопје е исчезнато утринава. Во 08:35 часот, З.Ѓ. пријавила дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната. Полициски службеници преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од МВР.

Нејзината мајка со објава на Фејсбук бара помош од граѓаните.

„Утрово во 7.20 мојата ќерка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и ѝ се губи секаква трага. Облечена е во црни пантолони со странични џебови, црна кратка зимска јакна и бели патики со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар Маало на пат кон Песталоци. Доколку имате било каква информација јавете се на 075400816“, напиша Зорица Ѓорчевска на Фејсбук.