Вила Водно

Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“

27.11.2023 14:34

Пред 28-от Самит за климатски промени, во Вила „Водно“ се одржа состанок за заедничката иницијатива за климатска акција. Екологистите се сретнаа со претседателот Пендаровски, кој ќе ја претставува земјава...

На глобално ниво, со намалено темпо се преземаат обврски за борба против климатски промени, но наместо да се напушта употребата на обновливи извори на енергија, поради војната во Украина, на тапет се пазарите на храна и енергенси. Ова го посочи претседателот Стево Пендаровски на дискусијата со еколошките здруженија пред неговото заминување во ОАЕ на КОП28. Тој рече дека кај нас и во земјите на Западен Балкан како ресурс значително се користи јаглен.

Идеи, можности но и испуштени шанси беа посочени од седумте граѓански здруженија во Вила „Водно“. Освен нив, свое обраќање имаше и постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григоријан.

Претседателот Пендаровски ќе ја предводи македонската делегација во ОАЕ. Со него ќе бидат и министерот за економија и министерката за животна средина. Претседателот ќе има обраќање на 1-ви декември.

 

Катерина Топалова