Џафери: Ако изборите бидат на 8-ми мај, техничка влада на крајот на јануари
Следната недела, на лидерска средба може да се утврди 8-ми мај како ден за втор круг претседателски и парламентарни избори. Според овој датум, земјава веќе на крајот од јануари треба да добие техничка влада, а на крајот од февруари изборите да бидат распишани, изјави спикерот Џафери...

Веќе следната недела, може на лидерска средба и официјално да се утврди 8-ми мај како ден за втор круг претседателски и парламентарни избори. Според овој датум, земјава веќе на крајот од јануари треба да добие техничка влада, а на крајот од февруари изборите да бидат распишани. Партиите се добредојдени на средба во Собранието за конечен договор, изјави спикерот Џафери.
По изборите ќе следува инаугурација на претседателот, но и верификација на новиот парламентарен состав. Следува формирањето на владата, односно, претседателот на државата го дава мандатот на мандатарот да состави влада.
Од друга страна, веќе е завршена проценката на штетата која ја направи пратеникот на Левица, Борислав Крмов. 9.000 евра чини неговото уништување на државниот имот. Штетата што ја направи, тој ќе ја подмири.
Миле Ристески
