Пензиите- жешка тема во предизборието
Едни ветуваат 100 милиони евра за повисоки пензии, други линеарно покачување од 5.000 денари. Примањата на највозрасната група, жешка тема во предизборието. Владата на утрешната седница ќе го носи и новиот пакет антикризни мерки…

Ветувањата на опозицијата за зголемување на пензиите се предизборен маркетинг – вака премиерот Ковачевски ги коментира најавите на Мицкоски за линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари. Според него, актуелната власти во време на криза успеала да ги зголеми пензиите, а за идната година се предвидени дополнителни 100 милиони евра.
300.000 пензионерите со месеци протестираат и се борат за егзистенција барајќи денар повеќе за леб и лекови, а власта е нема, ВМРО-ДПМНЕ го повтори ветувањето за зголемени пензии.
Додека пензиите стануваат предизборна тема, власта најави дека е подготвен новиот пакет антикризни мерки. Пензионери, студенти, самохрани родители, над 400.000 граѓани треба да добијат финансиска помош.
За ова намена ќе бидат искористени и средствата од солидарниот данок.
Александра Велинова
