Одбележани 54 години од формирањето на Одделот за воздухопловни единици при МВР
Во Центарот за обука во Идризово одбележани 54 години од формирањето на Одделот за воздухопловни единици при МВР …

Хеликоптерската единица на МВР е брза и експедитивна во извршување на задачите. За 54-годишното постоење бележи низа успешно завршени полициски акции, интервенции и спасувачки мисии.
Во одделот за воздухопловни единици, низ годините воспоставени високи критериуми. Во периодот што следува ќе се отвора и центар за обуки.
Покрај низата активности, единицата се истакна и на интервенции од низата пожари кои ја зафатија земјава, особено на непристапните терени. Хеликоптерската единица годинава беше столбот на гаснењето на пожарите низ државата.
Новина во единицата е монтираната медицинска опрема на еден од воздухопловите. Ќе може најбрзо и најбезбедно да бидат пренесени луѓето на кои им неопходно да им се укаже медицинска помош.
Наташа Гркова- Петрушевска
