Политика

Подготовки за избори, конечна одлука за датумот на лидерска средба

27.11.2023 16:17

Земјава се подготвува за избори. Конечна одлука за датумот ќе се носи на лидерска средба. Спикерот Џафери прати абер – партиите се добредојдени во Собранието да седнат и да се договорат. Техничка владата веројатно ќе има од крајот на јануари…

Веќе следната недела може на лидерска средба и официјално да се утврди 8-ми мај како ден за втор круг претседателски и парламентарни избори. Според овој датум, земјава веќе на крајот од јануари треба да добие техничка влада, а на крајот од февруари изборите да бидат распишани. Партиите се добредојдени на средба во Собранието за конечен договор изјави спикерот Џафери.

И додека ВМРО-ДПМНЕ очекува состанок за официјално утврдување на датумот за избори, социјал-демократите велат, на претстојните парламентарни избори ќе имаме два политичка блока.

По изборите ќе следува инаугурација на претседателот, но и верификација на новиот парламентарен состав. Следува формирањето на владата, односно претседателот на државата го дава мандатот на мандатарот да состави влада.

Од друга страна веќе е завршена процената на штетата која ја направи пратеникот на Левица, Борислав Крмов. 9.000 евра чини неговото уништување на државниот имот. Штетата што ја направи тој ќе ја намири.

Миле Ристески