Регион

Снежната бура зеде жртви и создаде проблеми на Балканот

27.11.2023 17:17

Бугарија и Романија прогласија црвен метео аларм поради силната бура со ветришта со по 100 километри на час

Балканот погоден од снежна бура и ниски температури. Поголеми делови од Романија, Бугарија и источните делови на Србија беа зафатени од интензивни врнежи на снег кои предизвикаа жртви, недостиг на струја и големи тешкотии во сообраќајот.

Бугарија и Романија прогласија црвен метео аларм поради силната бура со ветришта со по 100 километри на час

Поради снегот, во пет општини во Србија е во сила вонредна состојба. Претседателот Вучиќ повика војската да помага во расчистување на најпогодените подрачја.