Свет
Примирјето во Појасот Газа продолжено за уште два дена
27.11.2023 18:39
Хамас ја потврди информацијата, додека од израелска страна сè уште нема коментар...

Катар соопшти дека е постигнат договор за продолжување на примирјето во Појасот Газа за дополнителни два дена. Ова значи дека најмалку уште 20 израелски заложници ќе бидат ослободени, во замена за 60 палестински затвореници.
Хамас ја потврди информацијата, додека од израелска страна сè уште нема коментар.
„Постигнат е договор со браќата во Катар и Египет за продолжување на привременото хуманитарно примирје за уште два дена, под истите услови“, изјави претставник на Хамас во телефонски разговор за британските медиуми.
Соопштението доаѓа само неколку часа пред завршувањето на примирјето во војната во Газа, што е на сила од петокот наутро.
