Здравје

Карфиол – изобилие на витамин Ц и антиоксиданси

27.11.2023 19:41

Само 100 грама свеж карфиол на организмот му даваат 48,2 мг витамин Ц, или околу 80 % од дневната препорачана доза на витамин Ц неопходна за секој човек. Kарфиолот делува антибактериски и антивирусно, богат е со железо, калциум, калиум, магнезиум, како и витамини Б1, Б3, Б5 и Б6.

Карфиолот спаѓа во групата на зеленчук богат со многу витамини и состојки неопходни за добро здравје. Oдличен за превенција на многу тешки заболувања, има многу лековити својства и претставува драгоцен извор на витамин Ц.

Само 100 грама свеж карфиол на организмот му даваат 48,2 мг витамин Ц, или околу 80 % од дневната препорачана доза на витамин Ц неопходна за секој човек. Kарфиолот делува антибактериски и антивирусно, богат е со железо, калциум, калиум, магнезиум, како и витамини Б1, Б3, Б5 и Б6.

Овој зеленчук е одличен за детоксификација на организмот, претставува богат извор на антиоксиданси. Карфиолот има многу малку калории и воопшто не содржи холестерол.

Најдобро е да се користи свеж, како салата, или да се приготви чорба од карфиол. Во фрижидер може да остане свеж цела недела, а се препорачува да се конзумира неколку пати во неделата.