Култниот „Глоб Театар“ од Лондон со „Хамлет“ во Хераклеја

03.06.2014 10:14

Од НУ Народен театар-Битола информираат дека гостувањето на „Глоб Театар“ во Битола всушност претставува најава на второто издание на „Битола Шекспир фестивал“ што од 19 до 25 јули ќе се одржи во овој град...

Британскиот „Глоб Театар“ од Лондон, в петок, на 6 јуни од 20 часот, во античкиот театар Хераклеја ќе ја одигра претставата „Хамлет“ од Вилијам Шекспир во режија на Доминик Дромгул и Бил Бакхерст.

Од НУ Народен театар-Битола информираат дека гостувањето на „Глоб Театар“ во Битола всушност претставува најава на второто издание на „Битола Шекспир фестивал“ што од 19 до 25 јули ќе се одржи во овој град.

Битола е една од дестинациите во рамките на светската турнеја на „Глоб Театар“ од Лондон со која се одбележува 450 годишнината од раѓањето на големиот драматург Вилијам Шекспир. Во светската турнеја опфатени се многу главни градови во Европа и раритетни локалитети, а Хераклеја е токму таква. Посебен тим на „Глоб Театар“ на секое гостување снима посебен документарен филм и затоа нивните менаџери инсистираа без разлика на временските услови да настапат во Хераклеја, истакна уметничкиот директор на битолскиот театар Благој Мицевски.